ЕЛЕМ одбра конзорциум од две швајцарски компании како консултанти за имплементација на проектот за изградба на хидроцентралата „Бошков мост.“
Договорот за консултантски услуги во времетрање од 58 месеци, е вреден 3,4 милиони евра и е потпишан со швајцарските компании „Stucky“ и „AF Consult.“
Задачите на консултантите ќе бидат поделени во неколку фази: подготовка на конечните проектни документи, подготовка на тендер за снабдување на опремата и за избор на компанија која ќе ги врши градежните работи и супервизијата, избор на компанија која ќе обезбедува поддршка и која на крај ќе ја стартува хидроцентралата.
Инаку, минатата недела Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри заем од 65 милиони евра за изградба на „Бошков мост.“
Овој месец ЕЛЕМ избра консултанти и за браната „Луково поле,“ при што му додели договор на Градежен Институт „Македонија“ за обезбедување на услуги од областа на геолошките истражувања по цена од 545 илјади евра, а германската консултантска компанија „Поири Инфра“ од 1 септември започна со изработка на студија за влијанието врз животната средина од реализацијата на проектот. Оваа студија ќе чини 272 илјади евра.
Извор: +инфо