About the author

Златко Чавдаровски

Дипломиран инженер по електротехника, насока електроника и телекомуникации

Related Articles

4 Comments

  1. 1

    Mile

    Duri ne vidam ne vervam. Ili so bi rekle Amerikancite: Sounds too good, to be true!!!!!!

  2. 2

    Златко

    Насловот прекрасно звучи и е далеку од реалноста и изградбата на овај проект во старт има големи грешки никој не го видел главниот проек, нема реална стручна дебата, а ни финансиската конструкција, тие почнале со активности. Еве неколку аспекти зошто не верувам дека ќе се реализира проектов.

    1. Економски

    2. Технички

    3. Потрошувач

    1. Економскиот: Битолскиот регион не добил 35 милион евра последниве 20 год. вкупно не сега за 3 год. не ги земам во предвид инвестицитее во РЕК Битола кои се за цела држава не само за регинонов. Сите проекти во Битола биле далеку помали и не често под знак прашалник до самиот крај (булеварот 1ви Мај, Широк сокак, булеварскиот влезот во Битола од страната на Прилеп, колекторскиот систам во НП Пелистер и редица др со чудни изговори има пари ама ….). Кога се мисли на општините Могила и Новаци работата е уште полошо тие добиваат минимални државни стредстав со тешки напори за основна комунална инфраструктура (пат, водовод, одвод, и сл)

    Никој не ја споменува цената на приклучок и колкави ќе биде месечната сметка и по кој критериум ќе се пресметува. Што ќе се случи ако цената не им одговара на потрочувашите џабе фрлени пари. А каде се финансиите за обнова на прекопаните улици, преместување на постојните инсталаци и сл.

    2. Технички За да се реализира овај проект треба да се користи техничката пареја во КЕЦ Битола која произведува 70% од вкупната произведена енергија во РМ со инсталирана моќност од 3*225=675[MW]. Од тука секое нарушување на парниот процес котел-турбина ќе доведе до намалување на производство на електрична енергија

    Парејата која можи да се користи без да влијае на производството е онаа која моментно доаѓа до кондензаторот во разлдната кула и со максимална температура до 80 0C и притисок 0,275 bar. Или од специјално изведени топлификациони парни отцепи на парната турбина кои сепак не се доволни да ги задоволат барањата на новиот парен потрошувач (опција која се најавува). Когенеративните центарли се сосема др вид кај нив однапред е пресметано колкав процент ќе произведува топлинсака енергија, а колкав електрична. Тие се блиску до потрошувачите на топлинсака енергија како ТЕ-ТО или КОГЕЛ север во Скопје.

    Друга работа е тоа што главниот доводен систем од КЕЦ Битола до влезот на град Битола е одалечен 12 Km, каде би требало да почнува~15 Km примарната граска мрежа по главните сообраќајници, а потоа да се дели на секундарна градска мрежа па приклучок до секој потрочувач. Едно е сигурно за да сите потрошувачи имаат иста излезна топлина оваа пареја ќе треба да се до загрева во неколку регионални котлари кои би користеле нафта или мазут (со висока цена), а тоа доведува до зголемување на цената за крајните потрошувачи и загадување на воздухот.

    Од овај проект би бил задоволен ако се приклучат на 60-70% домаќинстава и сите деловни и јавни субјекти. Но не и од некое парцијално решение за да се оправда инвестицијата на градот во топловод без котлара во центарот.

    3. Потрошувач тука би истакнал: нашиот човек кога се работи за нешто од заеднички интерес не внимава како се расфрла со ресурсите тој побргу би отворил прозорец од колку да го намали вентилот на радијаторот. При колективно затоплување и 22 0C му се малку а при сопствено затоплување 190C му се доволни така да секогаш ќе има незадоволни потрошувачи.

    ПС се извинувам на подолгиот текст

    електроинженер-енергетика Златко Битола

    1. 2.1

      Игор Мишевски

      Почитуван Златко, првин благодарност за твоето мислење, иако самиот текст е превземен од весникот Дневник, а на истата тема имаме неколку поста.

      Сакам само да продискутирам низ точките кои ги постави за да му дадам тежина на самиот напис. Подолу ти се дадени линкови од двата документи на оваа проблематика
      https://ccei.wtserver.net/wp-content/uploads/5B-Bihttps://www.ccei.org.mk/wp-content/uploads/P042906

      1. Економски

      Повеќе од точно е дека Општината нема пари за реализација на капитални проекти, но сепак има буџет со кој може да го поткрепи ваквиот проект. Според мои информации добиен е и ИПА проект за прекугранична соработка, со кој ќе се исфинансира проетната документација за овој проект и ќе се додефинираат сите неопходни работи.

      Исто така јасно е дека за реализацијата ќе има потреба од големи средства кои можат да бидат обезбедени на следниве начини:

      – Прифатливи кредити за развој, кои можат да им бидат дадени на општините (Општина Битола зеде таков кредит на име на ЈП Водовод) преку странските развојни банки или Македонската Банка за Подршка на Развојот

      – Јавно-приватно партнерство преточено во Мешовита компанија за топлификација

      – Приватна компанија која ќе се нафати да го реализира проектот

      Во самата предфизибилити студија е дадена цена на kWht која е доста прифатлива и во однос на другите можности за затоплување е доста поевтино. Од аспект на прекопување на улиците е вметнато во самиот проект. имено најголем дел од сумата на проектот се однесува на дистрибутивната мрежа, додека делот во самиот РЕК Битола е мал и може да биде вметнат во тековната промена во РЕК Битола.

      2. Техники е можно да се изведе, доставено во самиот извештај, а постои и проект уште при самото проектирарање на РЕК Битола во 80-тите.

      Загуби секако ќе има, меѓутоа разликата е што наместо ел. енергија од одземената пареа ќе се произведува топлиска енергија, при што, на зекој загубен kWhe ќе се добие 6 kWht, што ниту еден систем за затоплување нема да го постигне овој коефициент на трансформација на енергија од електрична во термална. Идејата е да се замени колку што е можно повеќе конзум кој користи ел. енергија со конзум на топлинска, и на тој начин теоретската „загуба“ всушност е заштеда од 75-80%, т.е. наместо да се потроши 1 kWhe ќе се потроши 1 kWht кој е добиен со „загуба“ од 0,2 kWhe. Значи наместо да се произведат 50 МWhe ќе е произведат 300 MWht.

      Во извештајот е даден детално начинот на одзеање на пареа и истиот не го нарушува процесот на производство.

      Иако главниот топловод е 12 км, и има загуби, сепак тие не се толку големи за да има потреба од догревање. Од друга страна, ДА, потребни се подстаници за работа и истиот проект може да е спроведува дел по дел, доколку е решен главниот топловод. Главниот топловод е со температури 130-135oC/75oC додека пак секундарните водови 90oC/70oC.

      Најголемата инвестиција не е во РЕК Битола, ниту пак во Главниот топловод, туку во дистрибутивната мрежа, која треба да се работи во фази (8 години според студијата).

      3. Тука не можам да коментирам, бидејќи целосно се согласувам со тебе. Едно од решенијата можеби е индивидуални калориметри за секој објект посебно, што во секој случај би вовело некаква самодисциплина.

      Игор Мишевски
      https://linkedin.com/in/mishevski

  3. 3

    Златко

    Игор најпрво поздрав и благодарам за студијата не сум ја виде досега оваа и ако областа на енергетиката ми е позната.

    Сепак јас сум скептичен во однос на целосна реализација на проектов мислам дека на крај ќе испадне некое парцијално решение кое наводно во подобри времиња ќе се надогради како многу др добри проекти во РМ.

Comments are closed.

2018 Powered By Wordpress, developed by Nova Solutions internet marketing agency