Сончевата централа, најавувана како прва од ваков вид во Србија, се уште не е завршена. На изведувачот на работите се должи 75 милиони динари, за три од вкупно пет фази.
Изградбата на фотоволтаичната централа со инсталирана моќност од еден мегават, проект вреден околу 2.5 милиони евра, застана кај третата фаза на проектот. На изведувачот на работите се должи повеќе од 75 милиони динари (≈670.000 евра). Претпријатието „Обновливи извори на енергија“, кое што требаше да управува со проектот се затвора!
Локалната самоуправа влезе во овој проект, благодарејќи на државната програма за поддршка на градежната индустрија, која што одобри 100 милиони динари, пари, кој што уште не се добиени. Најновите очекувања се базирани врз основ на најави дека српската влада ќе добие кредит за овие видови на инвестиции.
„За жал, не е загрозен само овој проект. Во слична состојба се и другите инвестиции кој што се реализираат во другите општини, па така изведувачите на работите со право очекуваат пари од локалната самоуправа.“, изјавува Слободан Милошевиќ, началник на општата управа во Лесковац.
Иако се најавуваше дека сончевата централа, ќе има годишен приход во вредност од околу 400.000 евра, претпријатието кое што требаше да управува со овој проект, како и со други проекти од областа на обновливи извори на енергија, по 13 месеци на работење се затвора, бидејќи во тој период, не оствари ниту еден динар на приходи и расходи. Но и покрај тоа што оваа претпријатие не реализира ниту еден динар на приход, за тоа време смена дури три директори, кој што во исто време беа и единствени вработени (one man show).
„Тие всушност, ниту ја започнаа работаа, за која што беа основани.“, објаснува Бобан Соколовиќ, началник на Управата за стопанство, која што ја анализираше оправданоста на работењето на оваа компанија, додека од Управата за финансии, соопштуваат дека граѓаните преко платените даноци ја финансираше оваа компанија во вредност од 2,4 милиони динари, не пресметувајќи ги фиксните трошоци.
Фондацијата „Глобал Енерџи“ беше заинтересирана за оваа фотоволтаичната централа. Оваа фондација ја повика локалната самоуправа да конкурира за наградата во областа на заштита на човековата средина. Од друга страна советниците на општината Лесковац, предложуваат три различни решенија за оваа централа. Едните се за нејзината продажба, другите се за приватно јавно партнерство, додека третите се да централа остане во сопственост на локалната самоуправа.
Извор: novosti.rs