Да ли постои подобар начин за користење на електричната енергија? Инфо – графиконот направен од страна на компанијата AББ, прикажува колкави заштеди можат да се направат доколку се зголеми ефикасноста на електромоторите во индустрискиот сектор.
Светот е незаситен во потрошувачката на електричната енергија, а се предвидува дека потрошувачката на електричната енергија ќе се дуплира до 2035 година, поточно за 84% до 2050 година. Најголемиот дел на оваа потрошувачка или 42% се однесува на индустриската потрошувачка. Од вкупната индустриската потрошувачка 2/3 се однесува на погон на индустриските електрични мотори.
Вкупната потрошувачка на електричната енергија можи да се намали за 60% со користење на веќе достапна технологија. Во светот денес постои 300 милиони инсталирани електрични мотори, а 50% од сите електрични мотори се инсталирани во 3 држави – С.А.Д., ЕУ и Кина, со тенденција на пораст од 10% секоја година. Око 90% на овие мотори работи во континуитет со максимален капацитет и истите користат механички системи за регулација на излезната сила.
Можностите за зголемување на ефикасноста
Интелигентни системи за регулирање на моторите, користат само толку електрична енергија колку што е потребно да се реализира одредена работа – на ваков начин се штеди големо количество на енергија. Овие системи за регулација можат да заштедат 1.718 милиони kWh – еквивалент на излезна сила од околу 286 нуклеарни реактори. Исто така потрошувачката на електричните мотори може да се намали за 30% доколку се подобри нивниот дизајн.
Новиот Закон на ЕУ за енергетска ефикасност, ќе го забрза донесувањето на мерите на заштеда, што ќе заштеди 135 милиони kWh до 2035 година. Овие мерки во комбинација со мерките донесени во други држави, особено во С.А.Д. ќе донесат значајни заштеди. Како пример на позитивните ефекти на овие мерки, можеме да ги споменеме мерките донесени во ЕУ со кои се однесуваат на енергетски ефикасни светилки кои што ќе заштедат 40 милиони kWh.
Што навистина претставуваат 135 милиони kWh?
Тоа е доволно електрична енергија доволна да ги намири енергетските потреби на еден град како што е Лос Анџелес за период од 2 години, или да ги намири енергетските потреби на германскиот брзи воз ICE, во наредните 1.500 години.
Па каде е проблемот?
Електричната енергија е скапа – 150 киловатна пумпа која што работи 6 дена во континуитет потроши околу 50.000 евра на годишен ниво. Вкупниот трошок на електричната енергија за да се покрени еден електричен мотор изнесува 92% од неговите вкупни оперативни трошоци, додека мерките на енергетска ефикасност се враќаат во период од 1-3 години.
Но извештајот објавен од страна на компанијата АББ а кои што е пренесен и од страна на Economist Intelligence Unit покажа да:
60% на анкетирани компании нема преземено никакви мерки на енергетска ефикасност во последните 3 години
46% на анкетирани компании нема никаков систем за управување на енергија
42% на анкетирани компании веруваат дека нема финансиско оправдување за имплементирање на мерките на енергетска ефикасност
Доколку сите држави донесат мерки за зголемување на ефикасноста на електромоторите, вкупните заштеди до 2030 година би изнесувале 2.800 TWh на годишен ниво. Вкупните финансиски заштеди би изнесувале 1.2 билиони евра што е сосема доволно за покривање на вкупните вложувања.