Во Неготинска Крајина ова година ќе се почне со изградба на два ветерни паркови, кои што ќе бидат финансирани од страна на австриски, српски и португалски инвеститори. Вкупната инвестиција изнесува околу 110 милиони евра.
На првата локација, поточно во атарите на селата Душановац, Дупљане и Видровац ќе биди изграден ветерен парк во вредност од околу 50 милиони евра, додека втората локација ќе биди во атар местото Никине воде. Вкупната вредност на ветерниот парк кои што ќе биди изграден на оваа локација е 60 милиони евра.
Според Божидар Шкарамуц, изградбата на планираните ветерни паркови ќе започни одма по добивање на потребни дозволи. Вкупно ќе биди изградено 18 ветерници со вкупна инсталирана моќност од 60 мегавати. Сопствениците на парцели на кои што ќе бидат изградени овие ветерници ќе добиваат по 1.200 евра по секој столб на годишен ниво, во наредните 25 години.
Според потпишаните договори и локалната самоуправа ќе има корист од изградените ветерници. Имено, локалната самоуправа ќе добие 1,5% од вкупно произведена електрична енергија. Парите кои што ќе се добијат од продажбата на струја добиена од ветерници ќе биди реинвестирана во локалната заедница.
Инаку брзината на ветерот на оваа подрачје изнесува преку 6 метри во секунда, што е сосема прифатливо за комерцијално искористување на ветерот.