„Ова не е евтин „спорт“. Во 56 фотоволтаични панели инвестирав 400.000 куни (околу 53.000 евра).“. На кровот на куќата на Славко Кнежевиќ во непосредна близина на Вињарец, поставено е 56 сончеви панели кој што произведуваат електрична енергија.
Произведената електрична енергија ја троши за своите потреби, додека вишокот ја продава на ХЕП (Хрватското електро стопанство) и заработува солидна плата.
„Се зависи од сонцето – колку повеќе сончеви денови, поголема и заработката. Во лето таа е поголема, додека во зимскиот период таа е помала. Според пресметките на луѓето кој што ги поставија панелите, просечната месечна заработка ќе се движи помеѓу 4.000 до 5.000 куни (433- 666 евра).“
По години на печалба во странство, срцето го влечеше назад во Хрватска. Заштедените пари сакаше да ги инвестира во нешто што ќе донеси корист не само на него, туку и на неговиот син Томислав, како и на неговите внуци.
„Ова не е евтина инвестиција. Инвестицијата во сончевите панели како и во вкупната инсталација изнесуваше околу 400.000 куни. Оваа мини централа треба да произведува помеѓу 11-12 илјади киловат часови на годишен ниво. Покрај пари, оваа инвестиција ја пратеше и голема папирологија. Сега сме во фаза, каде што чекаме тестирање на вкупниот систем и за десетина денови струјата произведена во оваа централа ќе влезе во дистрибутивниот систем.“, изјавува Кнежевиќ.
Проектот е реализиран благодарејќи на др Љубомир Мајданџиќ, кој што е претседател на Хрватското стручно здружение за сончева енергија, кој што со години го промовира овој непресушен извор на енергија. Целата процедура на изградба и пуштање во погон на сончевата централа ја помина комплицираната процедура која што се состои во добивање на 54 дозволи!
„Најбитните дозволи се од Хрватската енергетска регулаторна агенција, а на крајот ХЕП како пазарниот оператер мора да ги прифати одобрените дозволи. Она што е добро е што договорите се склопуваат на 12 години и што е цената и испорачаната електрична енергија е стимулативна – 3,8 куни (околу 0.51 евра) за произведен киловат час кој што доаѓа од фотоволтаични ќелии“, изјавува господин Париќ, иноватор и стручњак за користење на обновливи извори на енергија.
Покрај инсталираните фотоволтаици, до куќата е инсталиран сложен трофазен трансформатор на кој што се бележи вкупното производство на електрична енергија.
Комшиите на Кнежевиќ се сè уште сомнителни кон инсталираните сончеви панели. Се уште се прашуваат да ли оваа централа ќе работи и тогаш кога ќе почни бурата од Велебит, да ли ќе произведува електрична енергија и тогаш кога е облачно?
„Срамота е што сме последни во Европа по користење на сончевата енергија, а имаме одлични услови за нејзиното искористување. Ова е прва приватна сончева централа во Далмација и веруваме дека и другите ќе се одлучат за инвестирање во сончеви панели.“
Извор: Слободна Далмација
2 Comments
bane
slika nekoja ? da videime kako izgleda taa centrala.
sajtov e odlicen
Предраг Стојковски
Здраво Бане,
Благодарам на пофалбите, а сликата можеш да ја видиш на линкот кој што е извор на текстот, на самото дно 🙂
Поздрав!