На кровот на својата фамилијарна куќа, Живојин Ницуловиќ од Мали Зворник, постави три мини ветерници и десет сончеви панели. Овие уреди произведуваат таман толку струја колку што е потребно за континуирано работење на апаратите за домаќинство.
Иако има 95 години, Живојин како и неговите фотоволтаици зрачат со посебна енергија и голем ентузијазам. Човек со богато животно и работно искуство, во Мали Зворник се досели пред четири години. Исто како и неговиот колега од вчерашниот пост и Живојин долго време работеше во странство и заработените пари ги вложи во обновливи извори на енергија.
„Долго време живеев во Словенија, во едно мало место во непосредна близина на Љубљана. Уште пред три децении на својата гаража поставив еден мал сончев панел, кој што го полнеше акумулаторите на моите автомобили. Уште тогаш почнав поинтензивно да се интересирам за овој вид на енергија. Додека живеев во Словенија, запознав голем број на пријатели кој што исто така ја користеа сончевата и ветерната енергија. Со моето преселување во Мали Зворник, во куќата која што е во непосредна близина на реката Дрина, забележав дека постои континуирано струење на ветер, те така одлучив да го реализирам мојот сон – да произведувам сопствена енергија. На западниот дел на кровот поставив три мини ветерници. Секоја ветерница има инсталирана моќност од 400V.“, вели Живојин.
Но тоа беше само првиот чекор на господинот Ницуловиќ. Веќе минатата пролет Живојин постави десет сончеви панели за производство на електрична енергија. Вкупната вредност на инвестицијата изнесуваше околу 15.000 евра.
Поставените мини ветерници и сончевите панели, произведуваат на дневен ниво помеѓу 10 -15 kW електрична енергија. Во ходникот се лоцирани десет акумулатори со моќност 100-200Ah, во кој што се акумулира произведената електрична енергија.
„Да не се лажеме, но оваа инвестиција ќе се врати во подолг временски период. Меѓутоа мене парите не битни, туку мојата желба да имам сопствен извор на енергија.“, додавајќи дека обновливите извори на енергија претставуваат иднина.
Ницуловиќ имаше желба да покрај својата куќа изгради сончева централа, а произведената електрична енергија да ја продава на ЕПС. Планираше да постави 40 – 50 сончеви панели, меѓутоа надлежните институции не го подржаа овој проект, поточно покажаа комплетна незаинтересираност.
2 Comments
Мартин
Секоја чест за дедево…ама тоа не оди туку така…ке поставел фотонапоска централа во двор и ке продавал струја…..несериозно….
Dimeski Zvonko ; mfc-solar
Не си во право @Martin …
40-50 панели се доволни за минимум 5KW на час. ( а максимум околу 10 KW , во зависност од панелите ).
Секаде освен во МК е можно на покрив ( или во двор ) да се постават баш толку или помалку панели , да се произведува струја од сонце и да се продава на ЕВН.Само во жална Македонија , тоа се’ уште не е можно…
Поздрав и секое добро