Овие зборови на Свети Кирил се првото нешто што ми текнува кога ќе помислам на разликата во искористеноста на сончевата енергија кај нас и во светот (барем развиениот дел од него).
Инсталираната моќност на соларните уреди и централи во ЕУ продолжи да расне и во 2011 година, и покрај намалувањето на субвенциите за користење на обновливи извори на енергија.
Според Здружениот истражен центар на Европската комисија, во текот на минатата 2011та година, во земјите од Европската Унија беа инсталирани нови фотоволтаици со вкупна инсталирана моќност од 18.5GW, што претставува околу две третини од вкупниот пораст на искористеност на соларната енергија во светски рамки.
Со тоа, вкупниот капацитет на ЕУ достигна 52GW инсталирана моќност, што е доволно за задоволување на 2% од потребите за електрична енергија на земјите членки на ЕУ. Иако европските компании остануваат водечки во развојот и производството на фотонапонски панели, извештаите на Комисијата предвидуваат дека овие компании во иднина ќе се соочат со големи проблеми, пред сè заради силната конкуренција на кинеските компании.
И додека Европа останува водечки регион во светот по инвестиции во обновливи извори на енергија за минатата година, сепак најголем раст има во Азија, посебно во Индија, Јапонија и Индонезија.
Од другата страна на Атлантикот, една од водечките компнии во областа на чиста енергија, Green Mountain Energy, по повод 15 години од своето постоење направи еден инфографик за тоа до каде се стигнати САД на полето на искористеноста на обновливите извори енергија и колку би можеле да постигнат во иднина.
Според Националната лабораторија за обновлива енергија, доколку на секој покрив од станбени, деловни или индустриски објекти во САД се инсталираат фотоволтаични панели, тие би можеле да произведуваат околу 800 милијарди киловат часови електрична енергија, со кои би се задоволиле 1/5 од енергетските потреби на земјата.
Каде сме ние во оваа приказна? На самото дно. Да се навратам на мудроста на Филозофот. Сепак, сонцето не свети подеднакво за сите. Поточно, за нас свети многу посилно отколку за Германија или пак Данска, а сепак овие земји се децении пред нас во производството на електрична енергија од обновливи извори. Иако сите лиценци за повластен производител на електрична енергија од фотонапонски централи се одамна издадени, на прсти може да се избројат централите кои го виделе светлото на денот и вклучениот прекинувач кон дистрибутивната мрежа. А сепак, парадоксално, има уште многу заинтересирани лица и компании кои постојано бараат зголемување на квотата од 10 на 20MW (и покрај постојаното намалување на повластената цена на произведен киловат час електрична енергија). A уште попарадоксално, Владата засега ги отфрла барањата за зголемување на квотата за повластено производство, иако има некои срамежливи најави деновиве дека ќе има промена кон подобро по ова прашање. Од друга страна, потполно се запоставува производството на електрична енергија од биомаса, извор кој има голем потенцијал во Македонија, земја која е (барем декларативно) земјоделска и изобилува со биоотпад, кој најчесто скапува неискористен по нивите, депониите или реките.
Е па, нели е време да нѝ светне и сијаличката?
5 Comments
Dimeski Zvonko ; mfc-solar
Почитувани
Изминатите месец-два , откога се „потрошија “лиценците за градба на соларни фотонапонски централи , имам разговарано со неколку стотини заинтересирани луѓе , кои сакаат да вложат во овие обновливи извори на енергија.Сите , без исклучок , се изненадени од тоа што нема повеке лиценци да се издаваат и многумина се надеваат дека сепак владата „ ке се смилува “ и ке ја зголеми квотата..
Делумно се согласувам со барањето за зголемување на квотата , но и делумно не се согласувам.
Еве неколку причини зошто не се согласувам :
Главната цел на инвестирањето во овие соларни централи е заработката ..
Но кој ке заработи најмногу? Обичниот човек , преку зголемената цена на струјата за „повластената “ струја , сигурно НЕ.
Ке заработат неколкумина , тоа е во ред , но обично инвестираат странци , преку свои фирми – ќерки во Македонија и се најдуваме во ситуација нашите пари да си „заминат“ од Македонија…
Друга причина е премногу комплицираното вадење на лиценци и парите дадени за тоа.
Едноставно прекомплицирано и прескапо..
Јас се залагам за друго решение , по мое мислење поевтино и поприфатливо за сите…
Донесување на закон со кој и обичниот човек ( приватно лице ,а не фирма) ке инсталира неколку киловати панели на својот покрив , ке склучи договор со ЕВН , кој нема да биде со 20 и кусур докуметни и лиценци , како досега .Нема да чини неколку илјади евра , како досегашниот и ке се вади многу побрзо и поевтино..
Притоа ке произведува ел.струја и ке ја предава во мрежата на ЕВН , а ноќе ке влече од истата таа мрежа ( броилата се двонасочни ) , па накрајот на месецот ке има порамнување на сметките .
Има само едно НО , ама мислам дека сепак ке се исплати за сите …
Струјата нема да биде по повластена тарифа , но и таква , се исплати ( сегашната повластена цена е 0,3 евра од KWh , но имајте предвид дека т.н. индустриска тарифа на струјата е околу 0,18 евра од KWh , a имате далеку помалку вложувања од сегашните соларни централи..
Јас не го измислувам ова , вакво решение постои во сите западно европски земји , Австралија и Америка..
Сами проценете…
Предраг Стојковски
Здраво Звонко,
Се согласувам со тебе дека конечно треба да се овозможи на граѓаните да ја продаваат електричната енергија на дистрибутерите на електричната енергија. За тоа пишуваше колегата Мишевски – Енергетска слобода – уште едно нешто кое државата го крие од вас!
Vlatko
Dragi Moi
Ako sekoj Gragjanin moze da instalira panel na krovot kako togash ke ne molzat 😀 ? i ke ni kazuvaat Evropski prikazni za mali Deca. Vo zemja vo koja ima izobilie na sonce Nie nemame ni kolektori za topla voda a kamoli za struja Apsurd do apsurd a glupi zakoni i propisi kolku sakash DA ZjIVEE BIROKRATIJATA
goce
vreme e da ni svetne svetilkata i na nas ama jas licno nemam finansiski sretstva vo momentot za da instaliram fotovoltazni paneli i ili kolektori za topla voda momentalno i se nogu skapi pa primoran sum da ja izberam segasnata poskapa rezolucija koj za mnogu od nas e sekako najeftino ( normalno so plitki svakanja ) nasiot narod veli dodeka ima ovci ke ima i volna rasipnicka nacija sme si nie . Zosto nemame ni edna banka koj ke nudi povolni krediti za ovaa rabota za onie koj se kako mene koj sto sakaat ama ne moze da si dozvolat nakvo nesto . Redovno gi citam tie izjavi spisanija kolku se zasteduva i kolku se dobiva redovno posetuvam saemi ama toa ni e plitok mi e djebot no sepak dobro e da se znae
Игор Мишевски
Здраво Гоце,
Ти благоарам на коментарот.
Алфа Банка и Прокредит Банка имаат такви кредити
https://www.alphabank.com.mk/Default.aspx?tabid=1379&lang=mk
https://procreditbank.com.mk/kredit-za-renoviranje.nspx
Алфа банка имаат одлична стапка (4,4%) додека ProCredit имаат полиберални услови
За жал и дватакредита не се доволно промовирани бидејќи се доста достапни.
Поздрав