Според Гордана Дражиќ, професорката на Факултетот за применета екологија, експерименталното одгледување на мискантусот покажа дека Балканот е погоден за одгледување на оваа енергетска билка. Мискантусот или слоновата трева е хибридна билка, којa што е добиенa со вкрстување на шеќерната трска и така наречената кинеската трева. Овој хибрид има поголема енергетска вредност од лигнитот што го копаме во Македонија и исто така може да биде одлична суровина за добивање на пелети и брикети. Покрај своите енергетски вредности, мискантусот има и голема еколошка вредност, поточно може да помогне во рекултивацијата на запуштеното земјиште.
Експерименталните засади на мискантус, кој што беа одгледувани од страна на професорката Дражиќ, беа лоцирани на неколку локации – во земунскиот Институт за примена на нуклеарна енергија, комуналната депонија во Чачак, депонијата на пепел на термо централата „Никола Тесла Б“, на депонијата на рудникот на јаглен „Колубара“, мочуриштето Засавица, на деградираното земјоделско земјиште близу Лозница, како и во близина на градот Вршац. Овие засади се дел на проектот кој што се реализира од страна на Факултетот за применета екологија во соработка со неколку научни институции, а во последните две години заедно со Електро стопанството на Р. Србија (ЕПС).
Мискантусот се покажа како високо квалитетна енергетска билка. Годишниот принос на оваа билка изнесува од 18 до 25 тони по еден хектар. Исто така оваа билка може да се експлоатира околу 20 години. За споредба, годишниот прираст на букова шума изнесува околу 2 тони на годишен ниво по еден хектар, додека дабови шуми имаат принос од околу 1,5 тон по хектар. Според овие податоци можеме да заклучиме дека еден хектар на мискантус може да замени 16 хектари букова шума. Најголемата пречка за поголемо одгледување на оваа билка е високата цена на садењето, поточно оваа билка се размножува по вегетативен пат – ризом, кој што чини околу 15-16 евро центи за еден расад. За да посееме еден хектар на мискантус потребно ни е 10.000-20.000 ризоми.
Почетната инвестиција е скапа но покасно, мискантусот не бара дополнителни агротехнички мерки, со што се намалуваат трошоците на одгледувањето. Експлоатацијата на оваа билка почнува од трета година, од кога што ќе се засади. Енергетската вредност на мискантусот изнесува 16 мега џули по еден килограм. По косидбата можеме да го искористиме како суровина за добивање на брикети или пелети, или директно како гориво за производство на електрична енергија во посебни мини централи. Така на пример за една централа со инсталирана моќност од 5 MW ни е потребно околу 20.000 тони на мискантус.
2 Comments
Slavica
Me interesira kakvi se emisiite na CO2 pri sogoruvanje na ova rastenie, Miskantusot. Velite deka “за една централа со инсталирана моќност од 5 MW ни е потребно околу 20.000 тони на мискантус.”, no za kakov period?
Александар
Најпрво не сите се експерти, па што би значело вегетативно размножување?
Да објасниме тоа значи размножување со расад од постоечко растение.
https://en.wikipedia.org/wiki/Vegetative_reproduction
Тоа значи оној што сака да почне може долгорочно да вложи 500 евра, па да чека да поранат растенијата, да ги расади… и така 2-3 години. Па да почне со одгледување.
веројатно сличен начин на расад кој на пошироката популација им е познат е трендафилот (розата).