Речиси и да нема некој да не се сеќава на нуклеарната катастрофа во Фукушима пред неколку месеци. Деновиве случајот е актуелен поради извешатјот за несреќата во кој се вели дека се работи за човечка грешка која ја предизвика цела таа хаварија. Сепак претходно како последица на сето тоа Јапонската влада реши да ги замени нуклеарните централи со обновливи извори на енергија. Имено пред нецел месец Јапонија ја затвори и последната нуклеарна централа. Меѓутоа Јапонската влада почна да ја преиспитува таа одлука и излезе со соопштение дека поради големата побарувачка на енергија ќе мора да активира дел од своите нуклеарни капацитети.
Во обид да се избегне недостиг на енергија и да се излези во пресрет на побарувачката за електрична енергија од страна на индустријата, Јапонската влада одлучи да се рестартираат два нуклеарни реактори. Двата реактори во местото Ohi ќе бидат рестартирани за две недели а ќе работата под полн погон за шест недели. Со тоа завршува безнуклеарната енергетска ера на Јапонија. Пред исклучувањето на сите нуклеарни реактори Јапонија имаше 50 нуклеарни реактори кои произведуваа 30% од вкупните енергетски потреби. Според Ројтерс се очекува речиси 10,000 луѓе да излезат на протест против одлуката за рестартирање на дел од нуклеарните капацитети. Во меѓувреме според BBC News 46% од вкупната популација во Јапонија е против рестартирање на нуклеарната програма за производство на електрична енергија.
Сепак без разлика на анти нуклеарното расположение кое владее во земјата на зајдисонцето впечаток е дека ова е единствено решение на краток рок. Додека на подолг рок се планира обновливите извори да го заземат местото на нуклеарните централи. За таа цел Јапонската влада нуди широка поддршка и бенефиции за сите оние кои ќе инвестираат во овој вид на енергија. Според новите тарифи за секој произведен киловат соларна енергија се нудат $0,53 додека за од ветерна енергија таа цена е двојно помала.