Фасадата претставува една од најголемите финансиски ставки во изградба на нови или на адаптација на веќе постоечки објект. Избор на материјала со кој што ќе ја направите фасадата е многу битна работа, бидејќи секој дел на фасадата може да ја загрози комплетната фасада, па за неколку години ќе морате да направите комплетна санација на истата што е многу поскапа опција. Она што е најбитно е да го изберете оној фасаден систем кој што поседува АТЕСТ и да барате пишана гаранција, без разлика дали се работи за гаранција од една две или за подолг временски период. Само на ваков начин ќе бидете сигурни дека избравте адекватен фасаден систем.
ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ ДОКОЛКУ СЕ ОДЛУЧИТЕ ЗА ДЕМИТ ФАСАДЕН СИСТЕМ!!!
Лепилото за лепење на стиропор и за фиксирање на арматурна мрежа:
- Барајте званичен АТЕСТ
- Потрошувачката на лепилото е од 8-10 kg/m2. Не наседнувајте на приказни дека работата може да се заврши за 6,5 или 7 kg/m2. Во лабораториските услови, на идеално рамна површина и под услов дека ниту еден од материјалите нема да падне на под потребно е 7,5 kg/m2!!!
Арматурна мрежа:
- Мрежата исто така мора да поседува АТЕСТ и да е декларирана на 145 g/m2, бидејќи оваа мрежа ја фиксира и ја држи фасадата
- Потрошувачката е следна – на 1m2 e 1,1 m поради преклопувањето
- Најбитната работа кај стиропорот е истиот од како што ќе се произведе мора да „одлежи“ минимум 2 недели пред него што ќе се исечи на табли. Доколку тоа не се направи добиваме искривен и неквалитетен стиропор.
- Не поставувајте СТИРОДУ бидејќи има лоша паропропусност, што резултира со појава на кондензација и мувла од внатрешната страна на ѕидот.
Типлови
- Типловите мораат да бидат направени од чиста пластика, а не од рециклирана пластика. Истите мораат да содржат УВ стабилизатори кој што ја чуваат пластиката.
- На 1 m2 се поставува 5 типлови
Завршниот малтер
- Завршниот малтер мора да има УВ стабилизатор кој што ја гарантира постојаноста на нијансата
- Малтерите можат да бидат акрилни, силикатни, силикатно-силиконски и силиконски
3 Comments
Violeta
Pocituvani,
bi sakala da ve prasam dali e potrebno da se stava mreza na fasada dokolku ne stavame stiropor ?
Vi blagodaram.
Nebo
Da li e kamena volna po kvalitetna i po dobra od stiropor za nadvoresna izolacija?
Предраг Стојковски
Па според коментарите кој што ги добивме, испаѓа дека камената волна е подобар материјал од стиропорот за надворешна изолација.