Секогаш кога се зборува за соларна енергија, прво помислуваме на скапи системи за производство на електрична енергија (фотоволтаици) кои чинат по неколку десетици илјади евра или соларни панели за производство на топла вода чии системи се од неколку стотици па до неколку илјади евра.
За да ги разбијам тие митови ќе ви покажам фотографии од системите кои јас ги користам за сопствени потреби.
Првиот е еден обичен камп систем за топла вода кој го имам набавено од супермаркет за 15-тина Евра. Истиот собира 20 л, водата се загрева на 35 степени за 2,5 часа и може да се користи за туширање на двајца. Екстра е за туширањe на моите две деца по нивното капење во малиот базен. Има голем отвор за полнење со вода и излез на кој има приклучено туш со чија помош се затвора протокот на водата.
Ваков сличен систем може да направи некој кој е малку повешт од внатрешна камионска гума. Ваквата гума се буши на две места и со помош на пластични делови (може да се употреби механизам за приклучок на вода со клик-механизам) да се направи можност за влез и излез на вода. Првото полнење се прави со вода и сода бикарбона и потоа може да се користи.
Ваквите системи се лесно преносливи и може да се користат во природа за време на кампување и слично, но доколку имате дома двор или тераса, ваквиот начин на заштеда на енергија.
Вториот систем за кој има и туторијал на нашиот блог, е базиран на истото, но во основна верзија. Овој систем понекогаш ми служи за топлење на малиот детски базен, иако морам да признаам дека не е баш ефикасен. За негова надградба потребно е изолирање и надградба за да се користи ефектот на стаклена градина, како и добро поставување за користење на ефектот на термо-сифон (топлата вода секогаш е најгоре) или вградување на мала пумпа. Овој систем може да се подобри со паралелно и сериско поврзување на вакви колектори, ставени под стакло и изолирани, поврзани на поголем резевоар (пластично буре) и надградени со мала водна пумпа (иако не е потребна).
Она што заборавив да го фотографирам, а се покажа како одличен систем за затоплување на водата за детскиот базен е обично црево. Бидејќи имам градинарско црево кое е 50 метри долго, го поставувам во спирала, на место изложено на сонце, и низ него пуштам многу мал проток на вода, со цел бргу да се загрева. Исто така на самиот излез од цревото монтирам распрскувач (млаз) кој водата ја претвара во ситни капки пред таа да влезе во базенот. На овој начи водата дополнително се загрева поради механичката работа (разбивањето на капкте) и нивното поминување низ топлиот воздух. На ваков начин за 3-4 часа имам топла вода во базен од 300 литра.
Идејата на овој пост не беше да ги прифатите овие идеи и да ги кристите, туку едноставно да си најдете свој начин на заштеда на енергија и користење на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Ако немаме илјадници евра за скапи системи за соларна топла вода, имаме барем 1000 денари за систем кој има поврат на инвестицијата (ROI) од околу 300% за првата година. Затоа разгледајте ги сите можности и „практикувајте го тоа што го проповедате“.
4 Comments
Ice
alal da ti e, sekoja cest!
goce
пробај со гумено црево извиткано во спирала
Игор Мишевски
Гоце,
прочитај го претпоследниот пасус 🙂
Поздрав
Ловро
Ако сакате топла вода на најефтин начин има многу начини, еднн од по ефтините а по големи количини а по некогаш и неограничени е земете црно црево 100-200м долго , што по долго тоа по добро ако е околу 700-800м, преплетекго како мрежа на кров или во градина , прикључетего на водовод и евеви топла вода колку сакате , нормално кога има сонце, Тоцните пресметки мозе да се направат према зададени цели.