Загадувањето на воздухот е проблем кој е најизразен во урбаните средини каде собраќајот е најгуст, има најмногу население и каде има најголема концентрација на фабрики. Па така, според тие параметри не е чудно што Скопје е еден од најзагадените градови во Македонија во кој квалитетот на воздухот е оценет како мошне лош или опасен по здравјето. Ова е факт кој е потврден од мерните станици во градот и за жал нешто со кое скопјани ќе мора да живеат подолго време. Сепак, колку што е алармантна состојбата толку никој не знае што треба да се направи прво. Се слушаат најразлични изјави од политичарите од типот како со зголемена енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија би се подобрила сликата. Но, факт е дека уште утре сите во Скопје да стават соларни системи и ветерници на домовите проблемот нема ни одблизу да биде решен.
Исто така, факт е дека центарот на градот е најзагадениот дел од градот со оглед дека тука се одвива поголемиот дел од сообраќајот. Во многу од големите градови тоа е решено со тоа што за секој кој сака да вози низ централното градско подрачје ќе си плати за привилегијата и за загадувањето кое ќе го предизивика со своето возило, а средствата собрани од тоа би се искористиле за озеленување на градот. Така поголемиот дел од граѓаните во централните подрачја ги преферираат метроата, автобуските линии, велосипеди и сл. Но, со оглед на ситуацијата во државата, уште една таква давачка и би се прелила чашата кај многу луѓе.
Но повеќе не е прашање каде е згрешено, прашањето е има ли нешто што би можело на краток рок да продонесе за подобрување на ситуацијата со квалитетот на воздухот. Решението можеби би било во една иновација на иноваторот Кен Јасиснски. Имено, неговите прочистувачи на воздух се монтираат на постоечките улични светилки. Неговиот „прочистувач на воздух” ја користи сончевата енергија за напојување на ултравиолетовиот систем за прочистување на воздухот. Во недостиг на сонце системот својата енергија ја црпи од електричната мрежа. Системот го апсорбира штетниот јаглерод диоксид од воздухот и наместо него ослободува кислород во атмосферата. При тоа користи мошне малку енергија која ја добива од сонцето. Уште еден плус е што овој систем е направен од материјали кои се рециклираат. Ова е само еден аспект од тоа како би можело да му се пристапи на проблемот; убедени сме дека има и други решенија кои во најмала мера ќе помогнат за ублажување на проблемот со загаденоста во Скопје само треба волја и решеност за справување со проблемот.
3 Comments
Анонимен
Може во текстот да се додаде линк до повеќе инфо за предложеното решение?
Атанасовск
https://kenjasinski.com/index.php?/project/city-ai… Ова е линк до иноваторот на овој систем. Инаку наредната недела ќе има уште по некој текст со решенија за загадувањето на воздухот во Скопје. Прати не мислам дека ќе те бендиса и тој текст
Anoniman
Ja sam pronasla ovaj uredjaj koji je baziran na nano tehnologiji, mobilan je, nije skup i vrsi stalni monitoring vazduha. Sa ovakvim uredjajem mogao bi se vrsiti stalni monitoring vazduha, lako, jeftino i jednostavno. https://www.myairbase.com/