До пред неколку години еко-активистите не го привлекуваа вниманието на јавноста. Сепак дел од тие работи се сменија благодарение на активностите и промоцијата од некои славни личности и добар дел од тие еко напори се здобија со заслуженото внимание од јавноста. Следува листа од славни еко-активисти кои благодарение на нивните заложби и популарност придонесоа пред се за популаризација на еколошките проблеми во светот.
Леонардо Ди Каприо
Звездата од Титаник и од многу други филмови е еден од најголемите еко-активисти во Холивуд. Уште во 1998 има основана фондација која се занимава со прашања за заштита на околината која е активна и ден денес. Исто така на неговиот сајт има секција која е посветена на заштита на околината и други еко прашања. Меѓудругото тој е и продуцент на еко – документарниот филм единаесетиот час.
Боно
Фронтменот на U2 е еден од најпознатите еко активисти кој има донирано милиони за заштита на околината. Боно е ко-основач на повеќе од дузина фондации и организации ширум светот кои покрај околината се борат против сиромаштијата, сида, маларија. Сепак покрај големите средства кои ги има донирано неговиот најголем придонес е публицитетот кој му го даде на прашањата за заштитата на околината. Сето тоа благодарение на тоа што каде и да оди и со кого и да разговара на тие теми тој беше и е следен од голем број на медиуми кои го пренесуваа речиси секој негов збор.
Роберт Редфорд
Еден од најгоемите актери во Холивуд веќе 30 години за залага за заштита на околината и афирмација на екологијата. Член е на National Resource Council каде има голем допринос за голем број на активности. Ретко зборува за неговите активности но неговите дела се тие кои зборуваат за него.
Џорџ Клуни
Еден од најпопуларните актери во Холивуд во последните неколку години е исто така голем активист за заштита на околината и борба против климатските промени. Она што го одделува од повеќето славни личности кои се залагаат за истите вредности е тоа што тој тоа што го зборува тоа и го прави. Имено тој поседува електрична кола во која често е виден.
Едвард Нортон
Едвард Нортон како и Џорџ Клуни тоа што го проповеда тоа и го применува. Имено покрај тоа што тој веќе има инсталирано фотоволтаици на неговата куќа тој има ја оформена програмата BP Solar Neighbors Program. Така благодарение на оваа програма секој пат кога некоја славна личност ќе купи панели, некоја фамилија добива панели бесплатно. Целта е да се популаризира повеќе користењето на соларните панели.