About the author

Игор Мишевски

Магистрант на оджлив развој, дипломиран електро инженер со искуство во енергетската ефикасност и одржливиот развој!

Related Articles

7 Comments

  1. 1

    авионски карти

    Значи стварно сте супер. Ве читам уште од самиот почеток и секогаш имате ненормално добри теми и што е најважно и поенти.

    Но во еден мал дел ме разочарувате: Не нудите продукти!
    Мислам дека е време да почнете да обмислувате и произведувате штедливи продукти. На пример еве ваков проект е одличен.

    Направете го цел комплет:
    – соларен панел,
    – батерија,
    – лед светилки.

    и продавајте… Мислам дека има доволно освестени луѓе кои би инвестирале во еден ваков мини систем.

    Се надевам дека поради малава критика нема да ме избришите…

    1. 1.1

      Предраг Стојковски

      Здраво,

      Благодарам и на пофалбата и на критиката, btw критики колку што можеш да забележиш на овој блог ги има, и доволно сме демократски определени да 99% на коментарите ги оставаме а за навредувачки и безобразни коментари немаме милост 🙂

      Што се однесува до твојата забелешка, па не знам колку имаш забележано но едно месец дена на блогот поставивме категорија – ОПРЕМА – каде што нудиме одредени производи.

      Признавам, понудата е скромна но она што е сигурно е дека деновиве ќе биди побогата.

      Поздрав и продолжи и понатаму да не следиш!

  2. 2

    Darko

    За Игор Мишевски:

    За почеток еден цитат од Вашиот текст:

    “…Малатаволтажа, при исто оптоварување, значи и повисока јачина на струја…, ”

    Морам да пишам што ми боде очи овдека во следните две точки.

    Кај лед диодите се создава пад на напон од околу 0.7 волти. Тоа најнародски кажано значи дека неа треба изворот да и обезбеди минимум 0.7 волти директен напон за да проведе, за да се поларизира директно или за да се откочи. Тоа значи дека на изворот на енергија ќе му останат 0.7 волти напон помалку од неговиот номинален напон. Ако наредиме n лед диоди:
    1. Сериски, тогаш на изворот на електрична енергија ќе му останат n*0.7 волти помалку, да не го споменеме и падот на напон на отпорностите кои ќе се користат за да се ограничи струјата на отприлика 20 mA низ гранката. Ако претераме и ставиме многу сериски поврзани лед диоди, ќе имаме толку голем пад на напон само за откочување на диодите, па нема да ни остане доволно напон кај изворот на електрична енергија за да протераме номинална струја низ сериските диоди. Од тој аспект, “…Малатаволтажа, при исто оптоварување, значи и повисока јачина на струја,…” сметам дека нема секогаш да резултира со зголемена јачина на струја. Во прв миг да, но се до оној миг кога од изворот ќе побараме повеќе струја отколку што може да даде. Ние можеме да му поврзуваме повеќе и повеќе диоди за да светат, но само онолку диоди колку што може да даде моќност/или струја изворот. После таа точка, струјата нема да се зголемува, туку и таа заедно со напонот ќе опадне. Дотолку повеќе што во овој случај станува збор за чисто активна отпорност, немаме два извори кои се компензираат, немаме реактивна отпорност или импеданса, што значи единствено имаме претворање на електричната енергија во топлинска (активните отпорници и занемарливо малку лед) и светлинска (лед). Така да, ако имаме мал напон и многу сериски диоди, нема да ни остане доволно напон за да ја протераме струјата. За да биде појасно, напонот е тој што ја тера струјата да тече, напонот е тој што ја протерува струјата. Тоа го сфатив додека студирав да бидам инженер: малиот напон може да биде произведен од екстра моќен извор способен да даде илјадници ампери, доколку е мал (9,6,12 V) не може да ти наштети. Но високиот напон, (над 63 V кај нас во МКД) без разлика колку мала струја може да даде, може да биде болен и најверојатно ќе создаде проводна патека за струјата од електрони. Напонот е тој што ја отвора патеката за струјата.
    2. Паралелно, тогаш ќе имаме ист напон на сите паралелни гранки, односно на секоја гранка по 0.7 волти, но ќе повлечат (во прв момент) голема струја бидејќи се паралелно поврзани. Струјата ќе биде n* струјата низ секоја гранка. Тоа пак, ќе доведе до забележителен пад на напон на изворот на електрична енергија. Бидејќи ќе имаме голем пад на напон за кој земам дека изворот нема да може да го обезбеди, изворот нема да биде во состојба да го одржи напонот меѓу неговите клеми заради големата струја која ја дава и напонот ќе се стреми кон нула и крајно, нема да тече доволно струја во колото па лед диодите нема да светат.

    Повторувам, сето ова е анализа за во случај да сме претерале со ставање на лед диоди за кои нашиот напон од 12 V не може да обезбеди доволна јачина на струја. Според мене, ние и да имаме PV матрица со номинална снага од еве 500 W и номинален напон на напојување од 12 V, нема да можеме да ставиме лед диоди кои заедно ќе развиваат снага од 500 W. Тоа го тврдам затоа што основниот “вратар” кој ја пропушта струјата, а тоа е напонот од 12 V, нема да биде во состојба да обезбеди директен напон и напон за напојување за сите диоди да можат да повлечат заеднички снага од 500 W.

    Обично не пишувам мислења по форуми и написи, пошто пишувањето мислења ми е губење време, а кога станува збор за мислења/размислувања од областа на електро инженерство, секогаш сум многу детален и темелен и тоа е тоа што ми губи време и затоа не пишувам мислења. Можда имам згрешено некоја реченица, бидејќи е доцна и ми се спие, ама мислам дека ме сфативте.

    1. 2.1

      Игор Мишевски

      Здраво Дарко,
      Благодарм на коментрот, доволно темелен и исцрпен. Дефинитивно мојот текст е исто пишуван наполноќ (и мене ми се спиеше), така да можеби сум ја промашил поентата со таа реченица, но дефинитивно твојот коментар е одлично надополнување на текстот. Понекогаш ние намерно пишуваме контроверзни теми, за да разбудиме коментари, бидејќи од мислењата на други луѓе многу се учи.
      Во овој случај Моќноста на системот ќе зависи обратнопропорционално од отпорот кој ќе му е поставен, кој пак се поставува да се ограничи струјата низ самите диоди. Значи имаш една сериска линија од неколку диоди и отпорник. Ваква линија приклучуваш на 12V извор и добиваш функционално коло. Е сега вакви гранки можеш да поставуваш колку што сакаш паралелно на самиот извор (значи инсталацијата би била паралелна, а потрошувачите уреди кои функционираат на 12 V со определен отпор). Колку повеќе такви гранки паралелно поствуваш, вкупната нивна отпорност се намалува (1/R=1/R1+1/R2+…+1/Rn) со што се зголемува Моќноста (P=U^2/R), а со тоа и јачината на струјата (I=U/R).
      Значи се што напиша е точно, но постои комбинација од паралелно врзување на гранки кои се сериски врзани и кои пружаат адекватен напон на тој на изворот. Исто така држи вода моќноста која воопшто изворот може да ја обезбеди, во спротивно како што кажа ти, би настало намалување на напонот.
      Благодарам уште еднаш на коментарот, мене ми беше многу битен, исто мислам дека и останатите читатели ќе научат повеќе од коментарите
      Поздрав
      Игор Мишевски

  3. 3

    Darko

    Се разбираме, таман е.

  4. 4

    Боби - Макпанел

    Јас понудувам панели, контролери, акумулатори и инвертори, но побарувачката е многу, многу слаба, не знам што е работата, дали лугето не се доволно информирани, или пак владее општа беспарица.
    Се надевам дека таа состојба во скоро време ќе се промени.
    Поздрав од Струмица

    1. 4.1

      Aleksandar Atanasovski

      Иако донекаде си во право за беспарицата што е еден од факторите за малата побарувачка за соларната технологија, има и други фактори. На блогот ни имаат пишувано доста луѓе кои се заинтересирани за поставување на фотоволтаици. Дел од нив им требаа за викендици, дел за системи за наводнување, дел за други намени. Можеби би требало да размислиш да почниш една мала интернет маркетинг кампања на интернет. За евтини пари можиш да се презентираш пред голем аудотироиум. Ако си заинтересиран за една таква кампања слободно кажи па ќе ти дадиме понуда која нема да смееш и побитно нема да сакаш да ја одбиеш 🙂

Comments are closed.

2018 Powered By Wordpress, developed by Nova Solutions internet marketing agency