5. Откуп на секундарни суровини. Има голем број на откупни центри во Македонија за откуп на секундарни суровини во Македонија и речиси сите функционираат без проблем. Овој бизнис се започнува со минимален влог. Сè што ви треба е регистрирана фирма, простор каде би го складирале откупениот материјал и доволно кеш за да им плаќате на собирачите. Покрај собирачите на суровини има големи можности за собирање на овој отпад од фирми кои го имаат во изобилие, а за кој им плаќаат големи пари на комуналните претпријатија за да им го земаат истиот. Што се однесува на суровините кои би се откупувале како пластика, железо или хартија, нивната цена има растечки тренд и има постојана побарувачка за нив.
4. Соларна централа. Ова е нешто релативно ново, но е мошне исплатливо со оглед на големата субвенционирана цена на електричната енергија произведена од фотоволтаици. Без разлика што можеби чини нешто повеќе од другите видови на енергија, инвестицијата се враќа за околу 5 до 7 години и после тоа барем едно 15 години имате чиста заработка. Македонија има голем број на сончеви денови што ја прави идеална за ваков вид на централи. Веќе има напредок на ова поле и никнаа првите соларни централи. Првата беше изградена во с. Кадино која успешно функционира. Вреди да се спомене дека овој вид на централи немаат потреба од премногу одржување со оглед дека се речиси целосно автоматизирани.
3. Ветерници. Македонија има голем ветропотенцијал кој е потврден со мерења на повеќе микролокации. Времето на враќање на инвестицијата зависи од тоа дали вложувате ваши средства или одите со кредит од банка. Поголемите ветерници се поефикасни и побрзо се исплаќаат. За пример, фирмата Мосен во Крушево требаше да прави голем ветропарк, но во последен момент се одложи сето тоа од за нас непознати причини, без разлика што фирмата имаше затворена финансиска конструкција и сè спремно. Најави има и од ЕЛЕМ дека ќе прават свој ветр парк, а има најави и од некои странски компании за изградба на ветропаркови.
2. Мини хидроцентрали. Доколку добиете некој од тендерите за мали хидроцентрали, тогаш сте направиле голема работа. Инвестицијата се враќа мошне брзо и после тоа заработката е чиста во наредните 20 години. Повеќето мали хидроцентрали се автоматизирани, така што нема потреба од вработени. Можеби еден инженер кој би вршел надзор на работата на централата или можеби да склучите договор со некоја компанија која би го правела тоа за вас. Без разлика, тешко е да се добие тендер за мала хидроцентрала ако сте мал бизнисмен со оглед на некои работи како се одвиваат на овие тендери. Впрочем, поголемиот дел од тендерите ги добиваат големи компании и конзорциуми.
1. Производство на пелети. Ова е можеби еден од најновите бизниси од овие неколку споменати, но со најмногу потенцијал и кој може да се започне со најмалку пари. Суровина има во изобилие, а побарувачката за пелети расте секоја година. Доколку имате постојан пласман инвестицијата се враќа за две години. Со оглед на растечката цена на дрвото сè повеќе и повеќе луѓе се вртат кон греење со пелети кое е мошне ефикасно. Веќе се направени првите чекори и има производители на пелети кои добро заработуваат од овој бизнис. Повеќето имаат договор со некоја пилана или шумско претпријатие за откуп или преземање на нивниот дрвен отпад. Тој отпад го претвораат во пелети кои подоцна ги продаваат.
4 Comments
Igor Gjurovski
Заборави да спомнеш производство на Биодизел?!
А за ветерниците, секои 3 месеци се најавуваат инвестиции тешки стотици милиони евра ама до ден денешен ништо не е направено.
Иначе соларните електрани и ветерниците се малку проблематични ако целата опрема треба да се увезува и ако ништо не се произведува тука. Едноставно опремата е скапа и создава голем негативен девизен дисбаланс. Субвенциите се само за 2 мегавати колку што сум информиран.
Предраг Стојковски
Здраво Игор,
Да ли мислиш на производство на биодизел од искористеното масло или на производство на биодизел од маслодајна репка, сончоглед, соја…или за двата вида на производство на биодизел? Инаку во право си и производството на биодизел, без разлика да ли е од искористеното масли или на друг начин е потенцијално добар бизнис. Продолжи и понатаму да не пратиш!
Slobodan
Кај нас има одлични услови за многу поголемо искористување на природните ресурси ама се додека власта не почне да размислува за енергетската иднина на своите граѓани, нема ништо да се случи и се ќе остане само на пропаднати тендери, најави за ветерни паркови и сончеви централи по весниците. А споменици ќе ни никнуваат на секој чекор…
Атанасовск
Тажно но вистиното е тоа што го кажуваш. Можеби во новата година ќе има некое придвување на ова поле. Барем се надеваме