Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ) на 06ти декември 2011 организира РАБОТИЛНИЦА на тема: Енергетска ефикасност и енергетско сертифицирање на згради.
За кого е наменета работилницата?
Работилницата е наменета за претставници од сите претпријатија кои сакаат да се информираат за или да имплементираат енергетска ефикасност во своите објекти, како и за претпријатија кои нудат поддршка при имплементација на енергетска ефикасност и заштита на животна средина.
Обуката за претпријатијата е бесплатна.
Кои теми ќе бидат опфатени?
· Европски директиви и законодавна регулатива поврзана со енергетска ефикасност на згради
· Eнергетска ефикасност на згради, биоклиматски дизајн
· Ефикасни системи за греење, климатизација и вентилација
· Влијанието врз животната средина при изведба на енергетски ефикасни објекти и годишните емисии на CO2
· Опрема која се користи за изработка на енергетски прегледи
Методологија:
Работилницата ќе биде од интерактивен карактер со практични и применливи информации.
Повеќе за самиот настан на следниот линк
2 Comments
Анонимен
Почитувани господа
Ве молам дали може подетално да ме информирате за работилницата
Со почит
Предраг Стојковски
Почитувани,
Работилницата се одржуваше како што рековме два дена на 1 и 2 декември во малата сала на Домот на културата во Битола. Инаку подетално за работилницата можете да се информирате доколку ја контактирате Фондација Ново образование за Бизнис од Скопје на следниот линк https://www.nbe.mk/index.php?option=com_contact&vi…
Продолжете и понатаму да не пратите!