Посејдон е пловечка централа која служи како платформа за добивање на електрична енергија од ветрот и морските бранови. Проектот Посејдон е развиен од данската компанија “Floating Power Plant A/S (FPP)” која поседува патент за проектот Посејдон. На проектот Посејдон се работеше цели десет години пред да биде пуштен во употреба во онаа форма и големина како што е денес.
Денес FPP е 360 тони тешка платформа која е 37 метри широка, 25 метри долга и шест метри висока (тоа е висината на ветерниците кои се поставени на платформата). Имено, оваа електрана се смета за хибридна електрана со оглед на тоа што ги користи брановите како и ветерот за добивање на електрична енергија. Ова е прва од овој вид на електрани и е поставена покрај брегот на областа Лоланд во Јужна Данска во заливот Накшков. Таму е поставена од 2008 година.
Посејдон е уникатен проект од повеќе причини, меѓу кои најбитни се две. Поради тоа што користи една од најефикасните технологии за искористување на енергијата на брановите која во исто време го искористува и кревањето и спуштањето на брановите, како и тоа што е единствена комбинација од постројки за искористување на ветерот и на водата и за проиаводство на електрична енергија.
Посејдон е дизајниран да биде усидрен на отворено море во длабоки води каде што има големи бранови и добри ветерни услови. Во такви услови 240 метри широката платформа може годишно да произведи и до 50 GWh електрична енергија. Исто така, Посејдон е лесен за сервисирање со оглед дека во текот на целата година може сервисен брод да се спои со истата за каква било потреба и при тоа таа да остане стабилна се додека трае сервисот. Фактот што оваа платформа нуди произведство на големи количини на енергија ја прави мошне интересна за инвеститорите и се очекува во блиска иднина да гледаме повеќе вакви постројки во морињата и океаните.
One Comment
Vladimir
Западно-европските земји веќе на големо вложуваат во проекти за обновлива енергија. Штета што кај нас се некако оди бавно..