Сите ние должиме голема благодарност на инженерот Вилис Х. Кариер (Willis H. Carrier), човекот кој што го пронајде современиот климатизер. Пред 112 години, на 17 јули 1902 година Кариер го разви системот кој што требаше да ја контролира влажноста во фабричката хала на компанијата „Sackett & Wilhelms Lithography and Printing Co.“ од Бруклин, Њујорк. Но еднаш кога вработените ја почувствуваа свежината во топлите летни денови, уредот почна да се шири низ цела Северна Америка
Уредот стручно наречен „контрола на точката на роса“, кој што го ладеше воздухот до точката кога ја губи влажност е исто така поставен во театарот „Graumann’s Metropolitan Theater“ во Лос Анџелес 1922 година. Во дваесеттите години на 20 век деловната зграда во Сан Антонио во тексас постави прв комерцијален систем за климатизација. Другите корисници беа компании за производство на бонбони и текстил.
Системите за климатизација стануваа се пософистицирани и се поразвиени, па така компаниите „Frigidaire“, „General Motors“ i „DuPont“,во триесеттите години на 20 век развија ниско токсични и релативно безбедни гасови за разладување – фреони денес познати како хролофлоуркарбони или CFC, гасови кој што се поврзуваат со оштетување на озонската обвивка.
Од средината на триесеттите години климатизерите се поставуваа во вагоните, а во педесеттите години на минатиот се создадоа први климатизери прилагодени за индивидуална употреба во форма на компактни единици.
Денес климатизерите го повлекуваат воздухот преку калеми на испарувачи кој што се исполнети со гасови за разладување. Гасот за разладување испарува и ја апсорбира топлината од воздухот, влагата се кондензира на перките кој што се поставени преку калемите а потоа се суши. Вентилаторот потоа го турка ладниот воздух во просторијата.
Иновацијата на Кариер настана во време кога другите иноватори исто така експериментираа со своите системи за ладење. Така на пример Џон Горие (John Gorrie), работеше на механички систем на ладење уште во триесеттите години на 19 век. Со овој систем Горије сакаше да ја намали телесната температура на заболените од маларија и од жолтата треска. Исто така и поранешниот претседател на С.А.Д. Џејмс Гарфилд во 1881 година ги користеше лепези и 200 килограми на лед за да ја разлади својата соба.
Продолжува
Извор: build.rs
One Comment
Emil
Koristenjeto na CFC za razladuvanje e zabraneto preku 20 godini so dogovorot vo Montreal (https://en.wikipedia.org/wiki/Montreal_Protocol) Denes se koristat drugi substanci koi ne vlijaat na ozonskata obvivka ili imaat mal efekt (CO2 megju drugoto).