About the author

Related Articles

One Comment

  1. 1

    Дејан Спасески

    Конечно треба да се воведе фер регулатива за тоа како секој може да се исклучи од парно греење во зграда. Не може секој како му текне да се повикува на човекови права, слобода на избор и уште не знам ти што, само затоа што одеднаш се свестил дека не може да ги плаќа високите сметки за парно греење. Словенечкиот модел одлично го решил ова: ако не сакаш да плаќаш, отсели се во куќа и греј се колку сакаш – или мрзни колку сакаш. Само немој во зграда да спроведуваш своја политика и сите останати станари да ја плаќаат разликата во топлина која се троши во цевките низ твојот стан.

    Ској кога купува стан свесен е за заедничката одговорност која треба да ја сноси со останатите сопственици на станари. Па така секој стан плаќа за осветлување, за одржување на лифтот, за ел.енергија, за заедницата на станари, за поправка на кровот кога ќе му протече на комшијата најгоре, за одводната цевка кога ќе се запуши и кога ќе му се поплави на среќниот комшија на приземје… Е па во овие работи спаѓаат и цевките за парно греење кога вертикално минуваат низ становите.

    Сопствениците на станови со години наназад се грееле и плаќале сметки без проблем. Во периодот од вселувањето во зградата па се до денес – ништо не се променило во зградата. Според мене не е фер, одеднаш да се нарушува тој систем и секој како ќе му текне да може да се исклучи од парното греење, и со тоа да ги оптовари сметките на останатите комшии.

Comments are closed.

2018 Powered By Wordpress, developed by Nova Solutions internet marketing agency