Еден од најголемите проблеми во Скопје (веројатно и во поголемите градови низ Македонија) кој добива најмалку внимание е проблемот со загадувањето. Иако речиси пола Македонија живее во Скопје впечаток е дека повеќе внимание се посветува дали работи мониторот за квалитетот на воздух или не, одколку како да се преземи нешто во врска со квалитетот на воздухот. Впечаток е дека ни градските власти, ни бројните невадини кои ги има во голем број во Скопје, ни единствената “зелена партија”- ДОМ (која барем се декларира како таква)…..речиси никој нема преземено нешто за справување со проблемот. За тоа каква е ситуацијата со загадениот воздух во другите градови тешко е да се напиши нешто со оглед дека такви информации речиси и да нема. Во продолжение следи едно релативно едноставно решение за загадениот воздух.
Слични написи: Зелени покриви – евтино решение за загаден воздух во урбани средини
Boral Roofing е Американска компанија лоцирана во Лос Анџелес кој е еден од најзагадените градови во цела Америка, која изработува тип на ѓерамиди кои можат да апсорбираат смог. Она што ги прави посебни нивните покриви е тоа што се обложени со титаниум оксид кој кога изложен на природна светлина го разложува нитроген оксидите и ги претвора во безопасни калциум нитрати. Калциум нитратот кој се таложи на покривите нема потреба да се чисти или бара посебна грижа за негово одстранување – дождот е повеќе од доволен за чистење на покривите. Според одговорните во оваа компанија покрив од 600 метра квадратни неутрализира смог кој е еквивалентен на емисии кои би ги емитирал автомобил со извозени 10.000 милји во една година. Цената на еден ваков покрив е 600 до 1.000 долари повеќе во однос на класичните покриви.
Слични написи – Технолошки решенија за загаден воздух во урбани средини
Според European Commission’s Environmental Technologies Action Plan со имплементација на оваа солуција загадувањето од сообраќајот во урбаните средини може да се намали од 27 – 70%. Според светската здравствена организација загадувањето во урбаните средини е одговорно за смртта кај речиси два милиони луѓе секоја година. Или симплифицирано тоа би дошло како по една Македонија да умира секоја година како последица од загадениот воздух. За тоа кои ефекти ги има загадениот воздух во Македонија врз нејзините граѓани нема никакви статистички податоци. Во секој случај не е реално да се очекува нешто да се преземи во скоро време, барем не додека смогот не стигне до Водно или додека некоја од многуте невладини не добие “дебел” грант за проект чија цел ќе биде изнаоѓање и имплементирање на солуции за загадениот воздух.
Слични написи: Технологијата како решение за загадениот воздух во Скопје.