Едни од првите жртви на урбанизацијата и модерното живеење се зелените простори. На сметка на парковите и алеите со дрва се градат булевари, нови згради, трговски центри итн. За жал и кај нас сè повеќе и повеќе тоа се случува и како резултат на тоа ја имаме тековната ситуација со квалитетот на воздухот. И тоа не само во Скопје туку и во други градови низ Македонија.
Во претходните текстови имавме пишувано за решение на проблемот со загадениот воздух со помош на некои технолошки решенија. За разлика од тоа решение овојпат фокусот ќе биде на едно поевтино и реално применливо решение. Зелените покриви се нешто кое може да се види во многу урбани центри. Подеднакво на комерцијални, резиденцијални како и институциони објекти. Кај нас за жал немаме информација за некој покрив да биде оплемент со зеленило. Зелениот покрив е добра идеја за центри каде веќе нема место за садење на зеленило поради тоа што искористува еден неикористен простор кој инаку би стоел така. Зеленилото на покривот не само што го дало својот придонес во намалувањето на ефектите од загадувањето на воздухот, туку истото значително би придонело за зголемената енергетска ефикасност на објектите каде е поставено. Имено, за зелени покриви имаме пишувано текст, а сега ќе се запознаеме дополнително и подетално.
На покривот може да има речиси од сите видови на зеленило. Генерално се класифицираат во две класи на зелени покриви: Интензивни и Екстензивни зелени покриви.
Интензивни зелени покриви се сметаат оние зелени покриви кои изгледаат како паркови со дрва, грмушки и трева. Овој облик на зелени покриви е мошне популарен во северна Италија. За негово одржување е потребно исто време и труд доколку би бил на земја. И тука е потребно косење на тревата, наводнување во време на суша, додавање на ѓубриво на почвата, кастрење на дрвјата и сл.
Кај Екстензивните покриви кои се мошне популарни во Словенија, Австрија и Германија речиси и да нема потреба од одржување. Седуми (бобовник) е името на растителната билка која најчесто се наоѓа на овој вид на зелени покриви. Седуми е мошне отпорна на сонце, ветер, суша и останати временски неприлики. Иако од кога ќе порасне нема потреба од залевање со вода сепак заради естетски причини се препорачува нејзино залевање.
Имено, има голем број бенефити од зелените покриви
– Служат како хидроизолација на покривот со што го продолжуваат животниот век на вашиот покрив.
– Редуцирана работа на клима уредите во просториите под зелениот покрив (делуваат како термоизолатор и при тоа во лето држат ладно, додека во зима ја задржуваат топлината).
– Зелените покриви произведуваат специјална микрокилима така што околниот воздух е мошне свеж за дишење.
– Зелениот покрив е одлично место за рекреација, редуцирање на секојдневниот стрес и уживање во природната убавина.
Покрај сите овие причини зелените покриви се мошне популарни во урбаните средини и поради тоа што апсорбираат добар дел од смогот кој се генерира од сообраќајот и од индустријата. Сигурно дека доколку би имале повеќе зелени покриви во центарот на Скопје воздухот би бил на мошне подобро ниво.
2 Comments
Анонимен
Ме интересира како и во што се засадуваат овие дрва? Дали се работи за големи саксии или непто друго. И како тие придонесуваат за зголемена хидризолација на кровот на зградата?
Green4life
немам информација како се засадуваат, дали се тие некој вид на гоеми саксии….веројано и се. Ќе се обидам да дојдам до повеќе информации за како тоа се прави и ќе го објавам на блогот.