Како што веќе објавивме на нашата Facebook страна, од вчера можете да се претплатите на нашите месечни, а ќе гледаме да објавуваме и почесто, електронски билтени, прирачници и туторијали од областа на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
За почеток со пријавување на нашата mailing листа за овој месец ќе го добиете прирачникот за сончевите системи. Овој прирачник е наменет за сите оние кои што сакаат да пазарат нов сончев колектор, а не се запознаени со тоа како тие функционираат и какви видови на сончеви системи за топла вода можат да се најдат на македонскиот пазар.
Што ќе научите од овој прирачник? Пред се:
- Кои видови на сончеви системи постојат
- Како функционираат
- Која е нивната економска исплативост
Како да го добиете овој прирачник? Едностано – пријавете се на нашата mailing листа. Ќе добиете потврда за регистрација и по одреден временски период ќе го добиете и прирачникот. Се надеваме дека ќе Ви биде од корист при донесувањето на одлуката за купување на нов сончев колектор за добивање на топла санитарна вода.
One Comment
Ефто
se prijaviv