Во дворот на Драгутин Малиша во Сибињ кај Славонски Брод се издига 15 метри висока ветерница, благодарение на која семејството е снабдено со електрична енергија. Од енергијата на ветерот се напојуваат светилките во куќата, работат телевизорот, компјутерот, фрижидерот и други уреди, освен бојлерот кој е голем потрошувач на електрична енергија. Драгутин сам ја направил ветерницата, а информации за како да го стори тоа собирал претежно од интернет, а за тоа му биле потребни 3 години.
-Уште пред војната сакав да направам ветерница. Се интересирав за обновливи извори на енергија па читав многу литература на таа тема. Дури купив и столб за осветлување. Прво направив ветерница петпати помала од оваа, а кога видов дека овде има доволно ветер, ја направив поголемата – вели Малиша, кој во целиот проект вложил 15000 куни, или околу 2000 евра. И кога нема ветер, куќата е снабдена со струја 15 часа заради полниот акумулатор. Кога повторно ќе задува ветер, тој се надополнува. Ветерницата на Драгутин има 6 алуминиумски елиси долги 3 метра, а цевката на нивниот носач е поцинкувана. Има два генератори – едниот го надополнува акумулаторот, а другиот служи за заштита на ветерницата, ставајќи ја во мирување при силен ветер. Во тој случај елисите се поставуваат во насока на ветерот и престануваат да се вртат. Моќта на генераторот е 1080W, но во просек од него се извлекува 300W, а во идеален случај од 600-800W. Капацитетот на акумулаторот е 250 Ah.
-Ветерницата ја подигнав дури откако се уверив дека тоа е објект за кој не е потребна градежна дозвола. Не беше лесно да се направи, многу информации на интернет се неточни или неверодостојни. Учев на сопствените грешки, ама сум многу задоволен, затоа што од неколкуте самоделски ветерници колку што ги има во Хрватска, само мојата работи нормално и произведува струја – истакнува Малиша.
Ветерницата во Сибињ го привлекува вниманието на љубопитните, сите се воодушевени, а многу од нив не веруваат дека Драгутин ја направил сам. Има некои кои би сакале да ја купат, но тој ги одбива таквите понуди, затоа што, како што вели, ја правел за свое задоволство. Месечната заштеда на сметката за струја не е многу висока и изнесува барем 100 куни (околу 15 евра), но причината поради која овој механичар ја конструирал ветерницата е што едноставно сака да работи со алати.
-Освен различни апарати и машини, потребно е и знаење, ама до него може да се дојде ако постои волја. Од друга страна, невозможно е некому да му платите да ви направи ветерница, затоа што станува збор за многу работа и многу финансиски средства – заклучува Драгутин Малиша, препорачувајќи им на сите оние кои имаат куќа или викендица до која не допира електродистрибутивната мрежа самите да си конструираат ветерница.
Преземено од www.vecernji.hr
2 Comments
Igor
Сето ова е супер, но…
Јас би им советувал на читателите кои сакаат да заштедат на електрична струја за 2000 евра да си ги обноват сите домашни уреди со уреди кои имаат А енергетска класа.
Така на пример со купување на фрижидер, шпорет, ТВ, и некои други помали уреди би можеле да заштедат на струја а во исто време ќе си се подноват.
Ако потрошиш 2000 евра, а заштедуваш 15 евра месечно, парите ќе си ги вратиш за 133 месеци или нешто повеќе од 11 години.
goran
da ama ako imas veternica koja ke proizvede idredena energija ti taja energija mozes da ja koristis skladiras ili prodavas no za zal nie sme vo makedonija kade sve se povrzuva so zborot maka taka maka macime nie so nasite disributeri i inakasanti ,kako komparaciaj vo slovenija se vovedeni dvonasocni broila uste od 1995 godina so koi sekoj koj ima kilovat proizvedena el.snergija i mu e visak ja prodava na evn se razbira od ekoloski obnovlivi resursi pa sega kakva bi bila matematikata ,,,,,,,,,