Дојде и тој ден 🙂 , поточно ми пристигнаа порачаните LED светилки од Honkong, China по неверојтна цена од 4 долари по светилка. Како што пишував претходно, многу ме нервираше светлината која ја даваа 5-те халогени светилки (сите по 25W), воопшро не беше задоволителна за во дневна соба, додека појаки слични светилки ствараа ремногу топлина. Никаде кај нас не најдов соодветна енергетски ефикасна замена (CFL или LED, со грло G9, па морав да се обратам до нашите ни мили браќа од Хонг Конг преку EBay.
Порачав повеќе светилики да имам резерва доколку се расипе некоја од нив. Промената на светилките беше едноставна, освен два момента, првиот беше промената на потенциометарскиот со обичен прекинувач, и вториот затегнување на едно од местата наменети за светилките, бидејќи истата не стоеше. Интересно беше што една од чашкие ми беше скршена, па со замената целосно ги отстранив и добив одлично „вселенско“ расветно тело.
Она што го добив како резултат беше одлично, вкупно 1000 Lumen-и светлина што беше задоволително колку една обична 75W светилка или 18 W CFL светилка. Се на се, одлично.
И на крај, од моето искуство еве неколку совети:
– Секогаш, ама секогаш, за дома купувајте расветни тела со Е27 грло (иако е „најстаро“, најголем дел од произведените светилки се токму за ова грло).
– Избегнувајте да вградувате расветни тела, кои имаат лесно кршливи делови кои не може да ги замените.
– CFL и LED светилките може не игледаат најелегантно, но баш се тренди
5 Comments
Nikola
Иста светилка со грло Г9, светилки со Е14 и Е27 порачав од Кина уште пред 6 месеци, нивните 50000 работни саати се жива лага ми прегореа после 15 дена, дури едната Е27 ќе направеше за малку пожар, мој совет е ако купувате од Кина такви светилки барем купете ги поквалитетни и поскапи оти другите се превара, иначе и кај нас се најдуваат исти светилки зборувам сега за Г9 од увозник од Неготино – ELMARK, квалитетни за некои 300денари. Поздрав и добро размислете пред да купите такви светилки.
Игор Мишевски
Здраво Никола,
Благодарам на коментарот, точно е дека квалитетот зависи од цената. Овие светилки во написот, траат веќе една година и сеуште сум немал никакви проблеми.
Поздрав
Trifun
Господине. Јас како овластен дистрибутер на Philips lighting можам да кажам од лично искуство со вашите сијалици Кинеските се со цена од 40 ден Philips со цена од 280 ден или ако сакате економични халогени од 42w-60w компакт флуо сијалици или економични постојат со грло Г9 јачина 9w>40w Koj n
Trifun
Кои не работаат со димирање .за лед постојат две варијанти и тоа смд лед од 6w и cob лед од 2.5 w кои не работаат со димирање Значи за цената што сте ја платиле не можите да добиете квалитетна сијалица. За Елмарк кои се дел од Американскиот Елмарк со сопствено производство во Кина се истите сијалици кои ги продаваат повеке увозници само под различен бренд со ниска цена и лош квалитет.2.5—250ден. 6w–600ден Моја препорака е да причекате додека не се произведат сијалици со одлични перфоманси и да бидат dimamble
Lovro
Jas kupiv halogeni od poznat proizveduvac za 280den se rasipa posle 3 meseci , i sega se prasuvam kolku ustediv , ako gi sporedam so obicnite sialici koj cinat 30-40den. Ne sum protiv halogenkite ili led sialici ama mora da se uvezuvat kvalitetni i uvoznikot da dava garancija za dolgotrajnosta inaku e cista prevara , zamislete ako doma imata 5-10 svetlecki mesta kolku cinat toa pari, pa dve da vi se rasipat vece zastedata propadna ostanuva razvoj na Kineskata industrija ili bilo koja druga.