Порано бев фанатик на пасивната архитектура до тој степен што секојдневно цртав како ќе изгледа пасивната
куќа од мојот сон. Иако тој сон сè уште не е остварен, чуствувам потреба дека морам да го прераскажам за да ја зголемам вредноста на она во што верувам. Климатизерите иако се најголема придобивка за квалитет на живот, сепак според мене се многу негативна појава за еко системот. Многумина не би се согласиле со мене и би рекле дека нема алтернатива на ваквото удобство. Епа се лажат, климатизерите затоплувајќи го надворешниот топол воздух на уште поголема температура, успеваат да ја намалат температурата на воздухот во просторијата. Алтернатива на климатизерите секако постои, а една од алтернативите се така наречените earthtubes или земјени цевки.
Земјените цевки претставуваат обични пластични канализациони цевки со нормален профил (Ф 75-120 mm) поставени во земја, на длабочина повеќе од 0,5 метри, најчесто покрај темелите на куќата.
Целта на овие цевки е воздуход кој се зема од надворешноста да помине низ цевките разменувајќи топлина со земјата, чија температура е околу 15 степени целзиусови. На ваков начин, со добро изведен систем, за време на летните месеци, температурата на надворешниот воздух може да се олади за десетина степени, на пр. од 35 на 25 што преставува одличен ефект. Исто така, за време на ладните денови, негативните температури на воздухот полесно ќе се затоплат во позитивни кога ќе поминат на овој систем.
Бидејќи овој истем не користи извори на енергија и горива истиот е пасивен начин за греење/ладење, иако во суштина е систем кој внесува свеж воздух, може да ви заштеди многу пари без да ја нарушите удобноста на вашиот дом. Исто така, можете да вградите вентилатор (може вентилатор кој се користи кај комјутерските системи на 12 V или некој друг систем) и на тој начин да го забрзате протокот на воздух.
Иако самиот систем има многу позитивни аспекти, еве некои од негативните:
- Системот најлесно се поставува кај нови градби, кај постари згради е тежок за изведба
- Системот треба да се заштити од штетници, пред сè глодари, со мрежи или друг начин
- Земјата околу цевките мора да биде добро набиена (да не е мека) и да се внимава да не се скрши некоја од цевките
5 Comments
Igor Gjurovski
Одлична замисла, само како што нагласивте, треба да се внимава да не се извалкаат или загадат.
Исто како кај коливе кога ќе се загадат каналите за ладење/греење… После ништо не помага…
dipl.mas.ing Iliev Z
Оваа реализација е многу стара, и се употребувала во времето кога модерниот свет незнаел за климатизација и греење, а и денес сеуште се користи во посиромашните земји. Принципот кој го користеле е сличен но поставен на самите колиби, односно живеалиштата се покриени со трски. Мислам дека тој начин е можеби поисплатлив од овој модерниот.
Поздрав и многу успех во работата.
Боби
После првиот круг на загревање на воздухот не го добиваш истиот ефект, После неколку само часови на работа земјата која ги допира цевките ќе ја има нивната температура.
Го омам решението, но во друга прилика кога ќе го проверам. (Моја идеја беше за ХХО генераторот уште во 1981 г. – но не го реализирав)
Климатизерите не случајно имаат медиум – воздух??!!
Истото можеме да го направиме со водени кондезатори или испарувачи зависи дали се работи за ладење или греење, ама таму водата мора да биде проточна, а ако е базен (како земјата) ефектот или добивката ќе ни ја снема после неколку циклуси.
Ај здраво ако не сум во право.
Игор Мишевски
Не би рекол дека земјата ќе ја добие температурата на воздухот, бидејќи таа топлина бргу ќе се распореди низ останатата земја.
HHO е одлична работа, уште само да се потврди дека вложената моќност (од акумуаторот) е помалаоддобиената (согорениот HHO). Ако се употреби пулен модулатор,можеби и ќе има некоја мисла (пак треба да се провери).
Испарувњето исто така има многу смисла.
Фала за мислењето!
toni
dobra ideja ama za da funkcionira kolku bi trebalo da e dolzinata na cevkite,dali ispod povrsinata na celata kuka ili kolku poveke podobro