Повеќе пати пишувавме за изолациски материјали како што се стиропор или пак стаклена волна. Овие материјали, веќе станаа стандард во градежништвото со сите свои предности и мани. Но покрај овие изолациски материјали, во последно време се почесто се користат Мултипор изолациски плочи. Современите системи на градење ги преферираат оние материјали кој што ги обединуваат позитивните страни на стиропор и стаклена волна и во исто време овозможуваат едноставно вградување.
Еден од таквите материјали се и Мултипор изолациски плочи. Па какви се овие плочи, од што се изработени? Мултипор изолациски плочи се минерални термоизолациски плочи за повеќе наменска и флексибилна примена. Се произведува од природни материјали како што се: вар, песок, цемент и вода.
Најдобро се комбинира со Ytong систем на градење, каде што се постигнува најдобра топлинска изолација. За разлика од стиропор, Мултипор има поголем отпорност кон пожари. Во споредба со стаклена волна Мултипор има подобра цврстина.
Повеќе за Мултипор како термоизолационен материјал на сајтот на Зелена енергија од каде што е и преземен текстот.