Заладувањето кое што ни дојде минатиот викенд не потсети дека за скоро еден месец ни почнува грејната сезона. Повеќе пати пишувавме за тоа како да ги намалиме топлинските загуби, со инсталација на термална изолација како и со инсталација на нови и квалитетни прозорци.
Но не сме сите во финансиска состојба да купуваме нова дограма или да поставуваме нова термо изолација. Но постојат и други можности за намалување на топлинските загуби. Повеќе пати зборувавме за тоа да не треба да купуваме поголеми количества на гориво за да се затоплиме или да купуваме дополнителни грејни тела. Она што треба да направиме е дополнителна изолација на нашиот дом.
Најголемите топлински загуби се преку стари прозорци. Како што веќе реков најдобро решение е инсталација на нова дограма (ПВЦ или квалитетна дрвена). Но постојат и други “low cost” решенија – сунѓерести или гумени траки. Овие траkи се поставуваат на прозорци а се со една единствена цел – подобро дихтување на прозорците. Со подобро дихтување на прозорците ние ќе можеме да заштедиме од 5-30% на енергија.
Припрема – доколку минатата сезона поставувавте сунѓерести траки, истите мораат да се извадат. Понекогаш ова не е толку едноставно како што изгледа, бидејќи сунѓерот може да се одлепи од траката на која што беше залепен. Значи отстранете го сунѓерот заедно со траката на која што беше залепен.
Избор на изо трака – На нашиот пазар можете да пронајдете различни видови на траки, направени од различни материјали и со различни дебелини. Гумените траки идат во две основни дебелини – 5 и 2 милиметри. Изберете ја онаа трака која што ќе ви овозможи лесно затворање на прозорци. Доколку изберете трака која што е подебела од колку што ви е потребно, не ќе можете да ги затворите вашите прозорци. Покрај гумените траки тука се и сунѓерести траки. Основната предност (па можеби и единствена) на овие траки во однос на гумените е нивната цена. Но основниот недостаток на овие траки е краток век на користење. Покрај овие основни видови на изо траки, постојат и алуминиумски лајсни. Лично не знам да ли и во Македонија можат да се набават овие лајсни, но во Србија, Хрватска и Бугарија постоја бизниси кои што произведуваат и поставуваат овој вид на дополнителна изолација.
Поставувањето на овие траки е едноставно. Единствен потребен алат се ножици. Од кога ќе ја поставите траката, затворете ја вратата/прозорецот. Она што е битно е да вратата/прозорецот мора да се затвара исто како што се затвораше пред поставувањето на траките.
3 Comments
Dario
Здраво,
Би ве замолил доколку имате информации да ме известите, каде би можел да набавам вакви траки за прозорци.
Благодарам однапред
Игор Мишевски
Здраво Дарио,
Вакви траки можеш да најдеш во сите големи супермаркети. Јас последен пат купив од Џамбо – Веро центар.
Поздрав
Pingback: На што треба да внимавате кога купувате нова ПВЦ дограма? - Енергетска ефикасност