Излези момче право на тераса и монтирај си сончев систем :). Шегата на страна, на неколку наврати разговарав со пријатели кои живеат во станбена зграда и изразија желба да постават сончев систем за загревање на топла вода со прашањето каде би го ставиле сончевиот колектор. Одговорот е на ѕидот (фасадата) или терасата од самата зграда, но која е разликата помеѓу поставувањето на колектор на фасада/тераса и колектор на покрив.
Единствена разлика во овие два начина на поставување е аголот под кој би се поставил колекторот во однос на сонцето. Останатата разлика би била во колекторите или во начинот на нивно фукнционирање.
Значи може да ставите и термосифонски систем, доколку можете во близина да го поставите резервоарот со вода за да се постигне целосно икористување, можете да поставите и пумпен систем без проблем. Во однос на колекторите, истите можат да бидат и рамни и вакуумски цевки.
Кога се поставува колектор на покрив, многу е лесно истиот да се постави под 40 степени кој наклон одговара за нашата географска ширина. Овој наклон има за цел да извади најголема ефикасност во март и во септември, бидејќи тогаш самиот колектор доколку е поставен точно на југ, ќе биде наклонет под 90 степени во однос на сонцето, што дава максимална искористеност. За вашиот колектор да постигне максимална ефикаснот во лето, истиот треба да биде поставен под 16,5 степени агол, додека во зима под 63,5 степени. Затоа колекторите најчесто се поставуваат под 40-тина степени, за да го искористат максимумот од сонцето во текот на целата година.
Е сега, поставувањето на колектори на фасада или тераса, поради малиот простор за поставување и можноста од нарушување на изгледот, многупати сме приморани колекторите да ги поставуваме под агол од 90 степени, што за време на летото придонесува со многу мала ефикасност и искоритеност. Меѓутоа, поради поголемиот период на сончево зрачење во летниот ден и симнување на сонцето во претпладневните и поладневните часови, сепак има некаква искристеност.
Иако поставувањето на колектор на тераса/фасада е малку попроблематично, доколку се одлучите за ова варијанта, гледајте да ги користите следниве совети:
- Секогаш кога е можно поставете ги колекторите на простор кој не го нарушува изгледот и функционалноста на објектот
- Поставете ги колекторите под агол, колку што е можно поголем (колку одговара просторот)
- Погрижете се колекторите да се обезбедени од механички оштетувања (пр. одрон на снег од покривот)
- Разговарајте со соседите, можеби и другите ќе сакаат сончеви колектори на нивните тераси, па објектот ќе изгледа одлично
- Имајте одлични сончеви денови
One Comment
Lovro
Za postavuvanje na zgradi sepak treba da se vikne arhitekta koj ce go osmisli prostorot na postavuvanje inaku moze da izgleda mnogu ne ubavo.Gledav vo Germanija imaa ubavao smislen dizajn za celata juzna fasada na zgradata i za site stanari.