Пред одредено време Министерството за економија објави ЈАВЕН ОГЛАС за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колектроски системи во домаќинствата за 2013 година. Доколку се прашувавте како да аплицирате за да ја добиете оваа субвенција, поточно кои документи Ви се потребни за да аплицирате за субвенцијата, одговорот е едноставен – на следниот линк можете да ги симнете сите потребни документа .
Огласот ќе трае до 31 мај 2013 година, а на него можат да се пријават сите оние кој што од 25 јануари па до 31 мај 2013 ќе купат и инсталираат сончев колектор. Јавното извлекување на оние кој што ќе ја добијат субвенцијата ќе се одржи на 8 јуни 2013 година.
Доколку се уште се размислувате во врска каков вид на сончев колектор ќе пазарите, погледнете ја споредбата на различни сончеви колектори според нивната економска ефикасност .
Препорака за уште интересни текстови за сончеви колектори:
Сончеви системи 1: Пумпни vs. термосифонски систем
Сончеви системи 2: Рамни колектори vs. Колектори со вакумски цевки