Како да се заштеди на сметките за електрична енергија во стан и кој е најефикасниот начин да се загрева стан се две често поставувани прашања на порталот енергетска ефикасност. Во продолжение мал осврт на тоа како до зголемена енергетската ефикасност за сите оние кои живеат во стан.
Греење
Живеењето во зграда само посебе е доста ограничувачко во смисла на можности за системи за греење и ладење кои можат да се користат во стан. Ако го исклучиме централното парно греење од кое масовно сите се исклучуваат има неколку опции кои можат да се земат во предвид. Сепак мора да се каже дека секоја од нив вклучува користење на електрична енергија. Покрај најчесто видените термопечки, кварцни печки и клима уредите има можност за загревање со помош на уште две релативно непознати технологии за повеќето луѓе. Имено станува збор за загревање со електролитни котлиња и инфрацрвени греачи. Греењето со секоја од технологиите има свои предности и нуди соодветна заштеда на електрична енергија. Повеќе за соодветните технологии на линковите поставени во текстот.
Термоизолација
Во зградите ретко има можност за ставање на дополнителна термичка изолација. Единствено што може да се направи е замена на старата дограма со нова пвц или алуминуимска дограма. Повеќе за видот на дограма која може да се искористи за најголема енергетска ефикасност на следниот текст.
Осветлување
Замената на класичните светилки со штедливи сијалици е мерка која е применлива секаде без разлика на дали станува збор за стан, куќа или некој комерцијален објект. Меѓутоа земајќи во предвид дека денес на едно место може да се најдат разни видови на штедливи сијалици за многу луѓе преголемиот избор може да делува помалку збунувачки. Добар практичен пример на следниот линк.
Обновливи извори
Тешко е да се инсталира мини ветерница или соларен панел ако живеете во зграда. Сепак, доколку купатилото гледа на јужна страна има можност за користење на сончевата енергија преку соларни системи за фасада / тераса.
Куќни апарати
За изборот на куќни апарати при купување е веројатно една од најобработените теми на порталот енергетска ефикасност. Како крајна поента и поука што може да се извлечи е купувајте уреди со висока енергетска класа. Со денешната/идната цена на струја тоа е високо препорачливо. Тие 10 до 20% повеќе кои ќе се платат за енергетската класа ќе се исплатат ако не уште и во првата година.
Однесувањето спрема електричната енергија
Според некои истражвања со подобрување на навиките и на тоа како луѓето се однесуваат спрема електричната енергија во просек секое домаќинство може да заштеди барем 10% на сметката за електрична енергија ако не и повеќе. Преведено во Македонски услови, ако земиме дека денес нема некој да не плаќа барем по 2000 денари сметка за струја, тоа иди минимум од 200 денари заштеда месечно или една сметка помалку ако се соберат потенцијалните заштеди на сметките од 10 до 11 месеци. Покрај многуте практични совети кои се дел од содржините на овој портал 10 совети за штедење на електрична енергија и заштеда во станови е уште еден текст кој може да понуди добри решенија за сите оние кои живеат во стан.
2 Comments
Игор Мишевски
tgv
Lovro
Mesto za zastedi ima mnogu, samo i parnoto da se naplaca kako treba , ne po m2, nego so merac kalorimetar za da znaeme kolku sme zastedele, Od vnatresna izolacija na zidovite , zamena na prozorite i t.n.A najdobro e da se sprovede gasifikacija na site stanovi i kuci vo Skopje a i po cela makedonija, Aman za toa treba da sobira potpisi, inaku energijata nema nikogas da poeftini badiala se buntuvaat.